Младите и коцкањето – Секој петти зависен, аларм за итни мерки
Младите и игрите на среќа: алармантни бројки за зависноста во Македонија
Истражувањето „Младите луѓе и нивните навики за обложување во Македонија“, спроведено од здружението ХОПС, покажува загрижувачки тренд кај младите до 25 години. Според резултатите:
- 71% од испитаниците играат игри на среќа, најчесто за забава.
- 17,8% од младите признаваат дека се зависни од обложување.
- 84% од анкетираните познаваат барем еден зависник, а значаен дел од нив познаваат повеќе од десет млади со таков проблем.
Најпопуларни се казината, следени од спортските обложувалници. Но, загрижува податокот дека само 19,2% од испитаниците забележале информации за опасноста од зависност во објектите каде што играат, а само 7,5% знаат каде може да побараат помош.
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето „Младите луѓе и нивните навики за обложување во Македонија“, кое го спроведе ХОБС.
„Во однос на информирањето на играчите на игри на среќа од страна на организаторите на овие игри за опасноста од стекнување зависност само 19,2% од испитаниците кажале дека во објектите каде што играле игри на среќа постојат информации дека може да се стане зависен од овие игри, а 7,5% од испитаниците рекле дека во објектите постојат информации каде може да се побара помош во случај на зависност од овие игри“, изјави Влатко Деков, главен истражувач од ХОПС.
Од здружението ХОБС даваат препораки со кои би се намалила зависноста од коцкање.
„Во постоечкиот закон за игри на среќа да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за информирање на играчите за опасноста од стекнување зависност од играње игри на среќа како и за тоа каде може да побараат помош во случај на зависност од играње игри на среќа. Во постоечкиот закон за игри на среќа да се предвидат обврските за сите приредувачи на игри на среќа за плаќање данок за финансирање на програми за превенција на зависности, како и на програми за лекување на зависности од игри на среќа“, додаде Деков
Ова истражување, дел од регионалниот проект „Младите и коцкањето“, опфаќа 214 млади од Македонија, Србија и Косово и истакнува потреба од итни мерки за справување со оваа растечка криза.