Помалку бракови, повеќе разводи – алармантни бројки за третото тримесечие
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третото тримесечие од годинава во државата се склучени вкупно 3.514 бракови, што претставува намалување од 2,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.
За разлика од тоа, бројот на разводи бележи сериозен раст. Во истиот период се регистрирани 470 разводи, што е зголемување од дури 27,7 проценти на годишно ниво.
Овие бројки укажуваат на промени во семејните и општествените односи, како и на зголемени предизвици со кои се соочуваат брачните заедници во современото време.



