Македонија убедливо прва во групата

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со 1:0 ја совлада Летонија на Арената “Тодор Проески” во Скопје, со што и теоретски го осигури првото место во групата 4 од Лигата Ц на Лигата на нации.

Со оваа победа, Македонија собра 13 поени во групата, со единствен нерешен резултат во првото коло на гостувањето кај Фарските Острови.

Македонија беше значително подобар тим на вечерешниот натпревар, со над 63 отсто посед на топка и 18 удари кон голот на противникот, од кои четири беа во рамките на голот.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Никола Серафимов во 57. минута.

Ова беше исто така и четврт натпревар по ред без примен гол за Столе Димитриевски и репрезентацијата на Македонија, а исто така и прв пат во историјата на македонскиот фудбал да се постигнат четири последователни победи.

Со победата во групата, Македонија го осигура пласманот во Лигата Б од Лигата на нации, и во следниот циклус ќе се натпреварува со подобро рангирани тимови.

Во последното коло од оваа група, Македонија в недела ќе ја пречека репрезентацијата на Фарските Острови во Скопје

Фото – Спорт

Слични Објави