ЛМС на Општина Прилеп ќе го добележи Светскиот ден на младите

Локалниот младински совет на Општина Прилеп, во соработка со Europe House Bitola, утре, 11 август, организира настан по повод Светскиот ден на младите.

Настанот ќе се одржи кај Саат кулата, со почеток во 19:00 часот, а е замислен како комбинација на дебата, дружење и интерактивни активности за младите.

Програмата ќе започне со панел-дискусија и претставување на членовите на Локалниот младински совет, по што ќе следува отворен микрофон на кој младите ќе можат да постават прашања, да споделат идеи, мислења и лични приказни поврзани со младинскиот живот и политиките во градот.

Од 20:30 часот, настанот продолжува во неформална атмосфера со DJ сет на Emily Nas, неформални разговори, пинг-понг, photo scavenger hunt и други интерактивни активности.

На настанот се очекува присуство и на градоначалникот на Општина Прилеп, како и претставници на младинскиот совет и млади од градот.

📍 Саат кула – Прилеп
📅 11 август 2026
19:00 часот

Светскиот ден на младите се одбележува на 12 август, а овогодишниот настан во Прилеп има за цел да отвори простор младите директно да зборуваат за своите потреби, идеи и предизвици.

Слични Објави