Театар „Златен Елец“ го носи „Чудесниот напиток“ во Прилеп

Театарот Театар Златен Елец на 27 март ќе гостува во НУЦК „Марко Цепенков“ со детската претстава „Чудесниот напиток“, која ќе се одигра на Големата сцена со почеток во 11:30 часот.

Станува збор за интерактивна и едукативна претстава наменета за деца од 3 до 11 години, која преку магична приказна и сценски игри ги пренесува вредностите на љубовта, другарството и вербата.

Во приказната, младиот волшебник Хари Потер заедно со своите пријатели открива мистериозен напиток оставен од волшебникот Гринимор. Но, нивната авантура се комплицира кога се појавува злобната магепсничка Валдена, која им ја одзема книгата со загатки – клучот за користење на напитокот. Дополнителна опасност доаѓа со враќањето на темниот волшебник Волдеморд, чиј дух се ослободува со отворањето на шишето.

Во претставата настапуваат Бобан Алексоски, Надица Петрова и Бранко Михајлоски, додека гласовите ги позајмуваат Тодор Стојковски и Ванеса Тримчевска.

Цената на билетите изнесува 150 денари, а истите може да се набават на билетарницата или преку телефонскиот број 076 442 378.

Ова е уште една можност најмладите прилепчани да уживаат во магичен театарски свет исполнет со забава и поука.

Слични Објави