“Комфи Ангел” повторно ја покажува својата општествена одговорност со нова донација

Текстилната фабрика “Комфи Ангел” уште еднаш ја потврди својата посветеност на општествената одговорност и хуманост, донирајќи производи за потребите на Хируршкото одделение. Во оваа хуманитарна акција, фабриката обезбеди 50 јорганчиња, 50 перници, 50 долни чаршави и 50 навлаки, кои ќе бидат користени за подобрување на условите за пациентите во болницата.

Донацијата, е резултат на континуираната грижа на “Комфи Ангел” за здравствените институции и ќе овозможи подобри услови за пациентите.

“Оваа донација ќе придонесе за подобрување на удобноста и условите за нашите пациенти. Комфи Ангел, Ви благодариме што сте наш сигурен партнер во грижата за здравјето и хуманоста!“ сои во објавата од болницата

Фабриката “Комфи Ангел” продолжува да биде важен столб на локалната заедница, со својата постојана поддршка за здравствени и хуманитарни активности, осигурувајќи дека општествената одговорност останува еден од главните приопритети.

Слични Објави