ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Ве известуваме дека на ден 18.10.2024 година – петок со почеток во 13 часот ќе се отвора подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АПРЗ во Општина Новаци. Канцеларијата се наоѓа во општинската зграда на приземје.
Отворањето на оваа подрачна канцеларија е особено значајна за земјоделците од Општина Новаци затоа што со оваа активност двете институции се доближуваат до земјоделците и до услугите кои тие ги даваат.
Општина Новаци