Не била епидемија, туку негрижа – Никому, не им требаат е – услугите!

Во Центарот за поддршка на Е-Услуги кој го води АГТИС, (чија мисија е Едукација на населението за користење на е-услугите кои се на централно ниво и на општинско ниво), пристигна прашање: Заради што не работи услугата „E – даноци“ на сајтот на општината. И други посетители, од други општини го прашаа истото. Ние се загриживме да не е до некаква „епидемија“, што ги фаќа компјутерите.

Затоа прашавме во неколку општини и нѝ одговорија: Услугата „е – даноци“ не функционира, но ќе профункционирала, а кога и тие не знаат, но знаат дека ќе биде „најбргу што може“.

Така и ним им одговориле од фирмите – ангажирани за одржување на системот за е – даноци. Од „фирмите“ нѝ открија дека општините не им платиле за одржување.

Детали не даваме, затоа што се избори, па некој ќе посмисли дека „навиваме“ за некого.

Зошто таквата услуга „паднала“ и повеќе ја нема, ниту одговор нема? Но, да не се грижиме, не е сето „паднато“, па е – паркинг услугата не е „падната“. Ако паркираш, ќе сѝ платиш.

Општините сѝ ги имаат своите „објективни причини“ и плус, срамежливо напомена дека „никој за тоа е – услугите не се интересира“. Кога ги вовеле имало троа интерес, но потоа ниту некој граѓанин се јавил, ниту некој ја користи тоа услугата. Ниту општините направиле нешто да го промовираат системот, ниту организирале некаква дебата за да го повишат интересот, ниту некој во општината се интересира.

Идила: Никому, не им требаат е – услугите!

Вистината (додуша) е малку поинаква и општините треба да се потрудат да го зголемат интересот кај народот, да им посочат дека има корист од е – услугите и секој граѓанин може да види за кој имот плаќа данок, како е тој имот впишан во катастарот и во општината, со колкав данок им го оданочуваат имотот, ама за сето тоа страницата треба „да работи“. Еве, на пример, законот вели дека неиздадениот деловен простор се даночи со 3 пати повисока стапка. Исто е и со недадената земја „со кирија“ и со неиздадените станови, во кои газдите не живеат. Од каде да знае граѓанинот колку го „репнале“, ако не погледне на е – даноци?

Затоа, почитувани општини и општинари, да си платите на „одржувачите“ и да ви проработат тоа е – услугите. Сепак ги плаќате со наши пари, нели?

А ние преку ОТВ, ќе ве информираме веднаш одкако ќе проработи услугата E – даноци.

Слични Објави