Прекин на водоснабдување – Соопштение од Водовод Битола!

Известување од Ј.К.П. Водовод Битола,  дека утре, 22.01.2025 (среда), поради изведба на приклучок на регионалната водоводна мрежа, ќе има прекин на водоснабдувањето за корисниците од Општина Могила.

Исто така, корисниците од селата Будаково, Трап, Чарлија, Добромири и Мусинци ќе имаат намален притисок на вода.

Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на активностите.

Слични Објави