ЖЕНСКО ОМОЌУВАЊЕ ВО АУРА ПРИЛЕП (ВИДЕО)
24. Ноември за жените во Прилеп ќе остане датум на кој имаа можност да се дружат на малку несекојдневен начин, од она што навикнале. Немаше качување по маси, немаше играње оро, немаше готвење, немаше сукање и месење.
Луцијана Косма од Аргентина, која живее во Прилеп веќе четири години, во соработка со Ксенија Николова од Скопје, го промовирше својот магазин кој е направен за да им помогне на жените да станат силни. Магазин за тоа како сте станува независен, како се напредува и пред се помага како жените да се справат со стравот од неизвесна иднина.
Овој несекојдневен настан беше исполнет со активностите, за кои Луцијана вели, се од суштинсо значење за една жена да ги направи првите чекори кон своето омоќувње и својата незавизност. Се танцуваше Зумба, имаше демонстрација на природен „фејс лифтинг“, се пееше и имаше проекција на видеото „Мојата Револуција живее во ова тело“ на кое нарацијата на македонски ја чита јога инструктоката Александра Абика Магнер и имаше презентација на тоа зоштo јогата е позитивна.
Настaнот насловен како „She shines“ беше организиран во и срдечно поддржан од Веге Бар „Аура“.