ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА СЕЛЦЕ И МАЖУЧИШТЕ
Општина Прилеп продолжува со посветеноста за подобрување на инфраструктурата во секое населено место во општината.
Денес се започна со градежни активности во населените места Селце и Мажучиште. Овој проект е насочен кон рехабилитација и изградба на нови улици и ќе ги опфати сите населени места каде што е потребно подобрување.
Целта е во текот на наредната година да се изврши комплетна рехабилитација на патната инфраструктура во сите населени места, со што ќе овозможиме побезбедни и поквалитетни патишта за нашите граѓани.