|

Гордост за Македонија – Македон со пехар и медали на меѓународен математички турнир во Бугарија

Во Несебар, Бугарија, вчера заврши интернационалниот турнир „Математика без граници“ и турнирот по алгебра „Лодовико Ферари“, на кои учество земаа 875 ученици од 42 земји ширум светот.

Македонија и оваа година имаше свој претставник, кој се истакна со извонредни резултати и успеа да го прослави македонското знаме на ова престижно меѓународно натпреварување.

Младата надеж Македон постигна одлични резултати и се закити со неколку награди:

🎖️ Математичка ѕвезда на турнирот

🏆 Пехар – III место на натпреварот „Математика без граници“

🥈 Сребрен медал во категоријата алгебра

🥉 Бронзен медал на основниот математички турнир

Овој значаен успех претставува уште една потврда за квалитетот на младите македонски ученици и нивната конкурентност на меѓународно ниво. Со својот успех, Македон не само што ја направи горда својата земја, туку и испрати порака дека вложувањето во знаењето и образованието носи резултати.

Слични Објави