ЈАС, ТИ И МУЗЕЈОТ – 70 години НУ„Завод и Музеј“ – Прилеп (видео)
Вчера НУ„Завод за заштита на спомениците и Музеј“ – Прилеп, со пригодна свеченост одбележа 70 години од своето постоење.
Најпрво пред сат кулата, во срцето на Прилеп изложени беа каширан фотографии, кои цели 50 години биле „заробени“ во музејот, а за младите кои се најчести посетители преку нивните училишта, прилепскиот тин бенд „Lockdown“ направи супер свирка.
Потоа од 20 часот, во Лапидариумот на НУ„Завод и Музеј“ се одржа свеченост, каде беше проектиран и документарен филм за националната установа, а беа доделени и благодарници на сите соработници и поддржувачи на музејот.



