Бесплатни мерења на очен притисок во Прилеп
Во периодот од 12 до 19 март се одбележува Светската недела за борба против глауком – заболување кое предизвикува покачен очен притисок и може да доведе до неповратно губење на видот доколку не се лекува навреме. Во рамки на одбележувањето, Службата за заштита на видот при ЈЗУ Општа болница Прилеп ќе организира бесплатни превентивни мерења на очниот притисок. Оваа активност е наменета за лица постари од 45 години, кај кои ризикот од ова заболување е поголем. Мерењата ќе се одржат во сабота, на 15 март 2025 година, во просториите на Очната амбуланта при болницата, во периодот од 09:00 до 12:00 часот. Од болницата апелираат до граѓаните да ја искористат можноста за навремена превенција, бидејќи раното откривање на глаукомот е клучно за зачувување на видот.