КК„Феникс“ најдобри на „Фунакоши опен“

Карате клуб Феникс новата година ја започна како што ја заврши старата – со нов голем успех. На интернационалниот карате турнир „Фунакоши Гичин опен“, кој се одржа на 7 март 2026 година во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во скопската општина Кисела Вода, прилепскиот клуб оствари најдобар резултат и го освои првото место во генералниот пласман.

Станува збор за 10-ти по ред Меѓународен турнир, кој по осми пат се одржува во Кисела Вода, а на него настапија повеќе од 500 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Натпреварите се одвиваа во категориите ученици, помлади кадети, кадети и јуниори.

Каратистите на Феникс со одлични настапи и бројни победи успеаја убедливо да се искачат на врвот, освојувајќи повеќе од 60 медали, што беше доволно за најдобар пласман на турнирот.

Овој резултат е уште една потврда за квалитетната работа во клубот и континуитетот на успеси што Феникс го бележи на домашната и меѓународната сцена

Слични Објави