„Новогодишната кошничка“ завршува денес

Денес официјално завршува „новогодишната кошничка“, иницијатива која започна на 15 декември минатата година. Иницијативата беше дел од обидите на производителите, добавувачите и трговците да ги намалат цените на одредени производи, но без формална одлука од Владата. Наместо олеснување, кошничката предизвика контроверзии, бидејќи додека цените на некои производи беа намалени за неколку денари, други, кои не беа дел од кошничката, значително поскапеа.

Бидејќи беше на иницијатива на бизнис секторот, немаше владина одлука, а Државниот пазарен инспекторат можеше да врши само мониторингот на цените во согласност со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно се гледаа цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истите производи кои биле во последните 30 дена

Иако целта беше да се олесни финансискиот товар врз граѓаните, институциите не можеа да изрекуваат казни за непочитување на договорите. Бидејќи беше на иницијатива на бизнис секторот, немаше владина одлука, а Државниот пазарен инспекторат можеше да врши само мониторингот на цените во согласност со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно се гледаа цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истите производи кои биле во последните 30 дена

Многу граѓани јавно изразија незадоволство, тврдејќи дека ефектите од кошничката не се почувствувале.

Дополнително, податоците од Државниот завод за статистика потврдуваат дека инфлацијата продолжува да го поткопува стандардот. Во декември 2024 година, инфлацијата беше 4,4% повисока во споредба со истиот месец во 2023 година, со најголем раст кај храната и пијалаците.

По завршувањето на „новогодишната кошничка“, останува да се види како ќе се спроведат следните, најавени „рамазанска“ и „велигденска кошничка“.

Додека се очекуваат следните чекори, граѓаните остануваат загрижени дека скапотијата ќе продолжи да им го отежнува секојдневието.

Слични Објави