„Бог на колежот“ гостува во Прилеп
На 28 февруари/сабота/ и на 1 Март/ недела/ од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза.Адаптација и режија: Весна Петрушевска
Влезниците за претставата по цена од 300 денари се во продажба од денес на билетарницата од Центарот и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 .00 часот и од 18 до 20.00 часот и во сабота од 11 до 14.00 ч.
Податоци за претставата;
Ко-продукциски проект
Превод: Рајна Кошка-Хот
Сценограф: Татјана Христоска
Костимограф: Наталија Терзија
Сценски движења: Кренаре Невзати-Кери
Избор на музика: Весна Петрушевска
Автор на сонг „Пепел и мрак” Игор Џамбазов
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
Играат:
Ѓорѓи Јолевски
Дарја Ризова
Благој Веселинов
Наталија Теодосиевa
Актерска школа Весна Петрушевска
Координатор на технички служби: Ивица Урдаревиќ
Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Зорица Благоевска
Инженер на светло: Даниела Атанасова
Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев
Тон-мајстор: Ненад Трпеноски
Манипулант на горен и долен погон: Трајче Тасевски
Графички дизајнери на плакат и каталог: Емилија Шуман и Томи Милков
Фотограф: Филип Шутаров


