Започна „Битола Отворен Град 2025“ – фестивал што не брои публика, туку значење
Со утрински прес и отворање на изложбата „When Do I Stop?“ од визуелниот уметник Харис Муриќ, во Битола започна 24. издание на фестивалот „Битола Отворен Град“ – културна манифестација што веќе четврт век го негува алтернативниот израз, младинскиот глас и културниот континуитет, далеку од трендови и шаблони. На отворањето, пред медиумите говореа директорот на МКЦ…



