Бесплатен превоз за жителите на подалечните населени места

На барање на граѓаните на општина Демир Хисар а со цел да им се олесни пристапот до градот, Јавното претпријатие ДЕХИ Транс Демир Хисар, воведува бесплатен превоз за жителите на подалечните населени места!

Започнувајќи од 28 јуни 2024 година, и оваа година Јавното претпријатие ДЕХИ Транс Демир Хисар, воведува бесплатен превоз за жителите на пооддалечените населени места во Општина Демир Хисар, секој петок до 31 август 2024 година. Дополнителни информации на 078 276 680 – Стои во објавата од Општина Демир Хисар

Слични Објави