32 ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ „КАМЕРА 300“
По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, како дел од програмата за одбележување на овој значаен датум, се организира 32 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.

Во чест на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, се одржува овој фестивал, кој претставува силно културно обележје не само на градот, туку и пошироко на државно ниво и во светски рамки.
Овој уникатен фестивал, во кој на преден план не е поставено совршенството на филмската уметност како кај професионалните филмови, носи обележје на нешто што е многу поблиско до обичниот гледач, а тоа е несовршенството, обичната приказна, реалните настани, погледот на секојдневието, раскажан од аматерот-гледачот, кој преку својата приказна, го доближува секојдневието кај публиката.
Секоја година, фестивалот расте во однос на прикажаниот квалитет на филмовите кои, секој на својот начин, преку раскажаната приказна има своја специфичност. Го обиколуваат светот и пристигнуваат на вистинското одредиште, фестивалот Камера 300.
Тоа го докажува и огромниот број на пристигнати филмови.
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите, жирито ги додели следните награди:
1. GRAN PRIX наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот „ФОРМУЛА НА ЉУБОВТА“ на авторите Ноела Нечкоска & Рената Петревска-Нечкоска од Р.С. Македонија
2. „ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ за филмот „МОЈОТ СОНЧЕВ СОН ЈА ЧЕКА ВЕЧНОСТА…“ од авторот Славен Костов од Бугарија.
3. „СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ЈУБИЛЕЈ“ на авторот Бојан Петровски од Шведска
4. „БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ПРИКАЗНА ОД КОМАНГУЕ“ од авторот Јирген Ричарс од Германија.
5. СРЕБРЕН МЕДАЛ НА UNICA му се доделува на филмот „ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА“ од авторот Диме Талевски од Р.С.Македонија.
6. ПЛАКЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА на авторот Дејан Младеновиќ од Р.С.Македонија, за филмот „ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ДИМЧЕ МИНОВСКИ“.
7. ПЛАКЕТА ЗА РЕЖИЈА „ДРАГИ САВЕВСКИ“ на авторот Николај Скерлев од Бугарија за филмот „КУТИЈА ОД СОНИШТАТА“.
8. ПЛАКЕТА ЗА МОНТАЖА на авторот Бојан Петровски од Шведска, за филмот „ЈУБИЛЕЈ“.
9. ПЛАКЕТА ЗА ИДЕЈА „СТЕВО СИДОВСКИ- СИДО“ на авторите Миа Панов & Дејан Панов од Р.С.Македонија, за филмовите „БРОДОТ ТИТОВ ВЕЛЕС“ и „ИЛИНДЕНКА“
10. ПЛАКЕТА ЗА РЕПОРТАЖА на авторот Љупчо Паунковски од Р.Северна Македонија за филмот „ОХРИДСКИТЕ ПЛИВАЧКИ ЛЕГЕНДИ“.
Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети:
• На авторите Нико Вестерхоф и Маршал Усингер од Холандија за филмот „ПОСЛЕДНИТЕ ДОМОВИ НА БЕРГЕРВЕСИ“.
• На авторот Николја Скерлев од Бугарија за филмот „БЕСМРТНОСТ НА КАМЕН“