Светскиот ден на предвремено родени бебиња – Бројот во Македонија расте од 604 на 681 за неполна година

Денес го одбележуваме Светскиот ден на предвремено родени бебиња – ден посветен на најмалите и најхрабрите борци.

Минатата година во државата имаме вкупно 604 предвреме родени бебиња, а оваа година до денес е 681. По повод, Светскиот ден на предвремено родените бебиња директорката  д-р Ирена Алексиоска-Папестие кажа дека постојат повеќе ризик фактори за предвремено породување, меѓу кои е и загадениот воздух, предвремено породување е и возраста кај жената исто така, причините се и инфекции, како и повеќеплодова бременост.

Предвремено родените бебиња се вистински херои кои од првиот момент покажуваат неверојатна сила и издржливост. Ова е ден кога го славиме нивниот напредок, ги поддржуваме семејствата кои минуваат низ овој предизвик и ја потенцираме важноста на медицинската нега и поддршка. Светскиот ден на предвремено родените деца се одбележува секој 17 ноември и има за цел да ја подигне свесноста за предвременото раѓање и предизвиците со кои се соочуваат децата и семејствата.
Оваа година тој се одбележува под мотото: Мали дела, ГОЛЕМ ИМПАКТ: Непосреден контакт кожа на кожа за секое бебе, секаде. Ова всушност ја потенцира важноста од оваа техника која се покажува како ефективна, особено за предвреме родените бебиња.

Предвременото раѓање е глобален проблем кој се јавува во сите држави на светот. А статистиката вели дека едно од 10 бебиња се раѓа предвреме. Сите овие бебиња родени пред 37 недела од бременоста се изложени на ризик од различни здравствени компликации. Затоа на овој ден, се организираат различни активности, вклучувајќи кампањи, семинари и настани за поддршка. Крајната цел е да се создадат подобри услови за предвремено родените деца и да им се обезбеди правилен развој, а истовремено да се подигне свеста во јавноста за предизвиците и потребите на овие мали борци.
Одбележувањето на овој ден е важен чекор кон подобрување на животот на предвремено родените деца и нивните семејства, нудејќи им надеж и поддршка во нивниот пат кон здрав развој, раст и благосостојба.

Децата родени со компликации и предвремено родените бебиња поминуваат еден нетипичен и тежок процес на адаптација, што може да остави извесни последици кај овие најголеми борци за живот.

Секое бебе заслужува шанса за здрав почеток во животот. Со заедничка поддршка, љубов и внимание, да ги охрабриме малите борци и нивните родители на секој чекор од патот 🤍!

Слични Објави