ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА ЦРНА ГОРА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Новиот амбасадор на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ, денес оствари прва официјална средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

На средбата, на која присуствуваше и почесниот конзул на Црна Гора, Миодраг Андријашевиќ, се разговараше за зајакнување на економската соработка на Битола со градовите во Црна Гора, а особено со збратимениот град Херцег Нови. Исто така, се разговараше и за реализација на заеднички културни активности и настани, како и соработка во областа на спортот.

Денешната средба во Битола, претставува прва официјална посета на амбасадорот Миљаниќ, надвор од главниот град.

Слични Објави