ГИМНАЗИЈАЛЕЦОТ ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ШАМПИОН ХЕМИЧАР

Во Институтот за хемија при ПМФ Скопје, беше организиран настан за одбележување на успесите на македонскиот олимписки тим кој учествуваше на меѓунардните натпревари по хемија.
   Професорот Миха Буклески со куса презентација ги пренесе искуствата и проблемите со кои се соочува СХТМ во текот на подготовките, а учениците ги споделија доживувањата на олимпијадите на кои учествуваа.
   Потоа беа доделени медали на најдобрите млади хемичари за 2024 година, освоени на Македонската Хемиска Олимпијада (МХО-2024):

  • Петар Мирчевски, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп, златен медал
  • Марио Ванчоски, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип, златен медал
  • Иван Костевски, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип, сребрен медал
  • Елена Живаљевиќ, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, бронзен медал
  • Јусуф Луш, СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје, бронзен медал

Исто така, беа доделени и благодарници на нивните ментори од средните училишта, како и на сите оние кои го поддржаа учеството на Меѓународната олимпијада по хемија и Меѓународната олимпијада – Менделеев

Петар Мирчевски со својот училишен ментор Блаже Димески

Слични Објави