Внимание за возачите – Привремен сообраќаен режим на делницата Градско – Дреново

На експресниот пат А1, на делницата Градско – клучка Дреново, од 25 ноември до 31 декември 2026 година ќе има времена измена на режимот на сообраќајот поради изведување санациони работи на асфалтните површини.

Како што информираат од „Страбаг АГ“, Подружница Скопје, во наведениот период сообраќајот ќе се одвива со соодветно пренасочување и регулирање.

Се апелира до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот.

Во меѓувреме, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Слични Објави