„ЕСЕНСКА СЛИКОВНИЦА“ – 100 НОВИ ЦРНИ БОРОВИ НА ПОТЕГОТ КОН ТОПТАШ
Со еколошка акција за чистење на природата и засадување 100 црни борови беше реализиран проектот „Есенска Сликовница“, во организација на Ротаракт клуб „Прилеп“, во соработка со З.П. „Трескавец“, И.О. „Феникс“, Ротаракт клуб „Битола“, Ротаракт клуб „Широк Сокак“ и Интеракт клуб „Прилеп“.
Во рамки на акцијата, волонтерите го чистеа потегот од манастирот „Св. Димитрија“ до локалитетот Топташ, каде беа собрани отпадоци, а дополнително беа засадени 100 црни борови. Садниците се донација.
Секое од засадените дрвја носи своја приказна посветена на одредена знаменитост или личност. Приказните се достапни преку QR-кодовите поставени на информативната табла, со чие скенирање посетителите можат да дознаат повеќе за нив.
Организаторите упатуваат благодарност до сите волонтери и поддржувачи, оценувајќи дека ваквите иницијативи се придонес кон почиста животна средина и поголема грижа за планинските предели.


