Итната стоматолошка служба во Прилеп се преместува на нова локација
Итната стоматолошка служба при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп ќе продолжи да функционира на нова локација, информираат од здравствената установа.
Според известувањето, службата се преместува од досегашниот објект на Старата брза помош во објектот на Здравствениот дом „Уред“ – Прилеп.
Граѓаните кои имаат потреба од итна стоматолошка помош отсега услугите ќе можат да ги добијат на првиот кат од објектот, десно од главниот влез.

Од болницата упатуваат апел до граѓаните да ја имаат предвид новата локација и да покажат разбирање во врска со оваа промена.
Со ова известување, здравствената установа ги информира пациентите навремено да се насочат кон новиот простор за добивање итна стоматолошка помош.


