Нов градоначалник, нови очекувања – Дали ќе се инвестира подеднакво во сите села на Општина Долнени?



Во изминатиот период Општина Долнени вложуваше во инфраструктура, асфалтирање на локални патишта, реконструкција на дел од водоводната мрежа, изработка на урбанистички планови…, така велат од општината.

Сепак, меѓу жителите виси прашањето: дали овие инвестиции беа/се подеднакви во сите села?

Во село Дебреште, жителите се задоволни од асфалтирањето на патот – „Патот кон селото е нов, транспортот е побезбеден, а секојдневниот живот многу полесен“, велат дел од локалните жители.

Жителите на селата Долнени, Дупјачани изразуваат незадоволство – „Патиштата во нашите село се во лоша состојба и секогаш кога треба да се направи нешто, се чека долго време. Имаме чувство дека помалите села не се третираат еднакво.“

Општината објаснува дека вложувањата се планираат според приоритети, број на жители и технички можности.

Сега жителите со внимание ги следат ветувањата на новиот градоначалник и очекуваат промени. „Се надеваме дека новата власт ќе ја промени распределбата на инвестициите и дека секое село ќе добие еднаков третман. Сакаме да видиме вистински резултати, а не само ветувања“, велат локалните жители.

Прашањето останува отворено: дали секое село ќе добие подеднаква шанса за развој и подобрување на животните услови? Жителите се надеваат на повеќе транспарентност, отчетност, соработка и праведно распределување на инвестициите во наредните години, овој пат под водство на новиот градоначалник.

Слични Објави