Општина Прилеп ја објави конечна листа – 3.000 денари еднократна помош за првачињата

Право на финансиска поддршка оствариле ученици од 10 основни училишта во Прилеп за учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп ја објави конечната листа на корисници на еднократна парична помош за првачињата за учебната 2026/2027 година. Финансиската поддршка изнесува 3.000 денари по ученик, а правото го оствариле првачиња од десет основни училишта на територијата на општината.

Одлуката е донесена врз основа на Правилникот за еднократна парична помош за прваче запишано во основно училиште на територијата на Општина Прилеп, како и записникот на Комисијата за општествени дејности и правата на децата.

На конечната листа се опфатени ученици од основните училишта „Блаже Конески“, „Гоце Делчев“, „Кире Гаврилоски – Јане“, „Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „Рампо Левката“, „Добре Јованоски“, „Страшо Пинџур“, „Круме Волнароски“ и „Кирил и Методиј“.

Линк до овјавата и листата

Слични Објави