„Каде се кучињата?“ – денес се одржа мирен протест пред Општина Прилеп
Група активисти денеска одржаа мирен протест пред Општина Прилеп, поставувајќи го прашањето: „Каде се кучињата?“
Активистите во изминатите неколку денови преку социјалните мрежи бараа одговори и информации за тоа што се случува со кучињата, но, како што велат, одговори нема.
Протестот се одржа под мотото:
„Правда за кучињата. Каде се?“
Со собирот, активистите побараа транспарентни информации и одговори за судбината на кучињата, а ги повикаа и граѓаните да им се придружат во барањето на одговори.


