Документи за надомест на штета од пожарите
КАДЕ И КАКО ДА СЕ ДОСТАВИ ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА ШТЕТИТЕ ОД ПОЖАРИТЕ
Жителите на Општина Прилеп кои претрпеа материјална штета во пожарите можат да ја достават потребната документација во Приемното одделение на Општина Прилеп, со цел да се спроведе постапката за надомест на штетата.
Потребно е да се достават следните документи:
- Записник за извршен увид од страна на МВР – Прилеп;
- Извештај за интервенција од ТППЕ – Прилеп;
- Фотографии од настанатата штета;
- Копија од имотен лист. Доколку објектот нема имотен лист, потребно е тоа да се наведе;
- Копија од лична карта на лицето или лицата на чие име гласи имотниот лист.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефоните на Општина Прилеп:
075/385-719
048/401-720



