68-годишен маж пронајден мртов со прострелна рана во нива кај Беровци – го пронашол неговиот син
Тело на 68-годишен маж било пронајдено вчера во нива во атарот на прилепското село Беровци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола од страна на А.В. од селото, кој го пронашол својот татко С.В. со прострелна рана во пределот на градниот кош.
Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт. Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со испалена чаура во цевката.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.
Од МВР велат дека дополнително ќе се утврдуваат околностите под кои настанала смртта.


