Известување од Општина Прилеп за квалитетот на водата во повеќе населени места – Водата од Л.В.С -Оревоец, Беловодица и Плетвар не е безбедна за пиење…
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од
мерно место локален водоснабдителен систем Канатларци – бензинска – на основа на резултатите од извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, согласно прописите за здравствена исправност.
Л.в.с – Ерековци – Кочоски Пецо – на основа од извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во гранаците од 0,2-0,5 мг/л.вода.
Додека водата од Л.в.с – Оревоец – јавна чешма сред село, Л.в.с – Беловодица – двор, како и Л.в.с – Плетвар – јавна чешма – Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.


