Четири нови возила за поефикасни поштенски услуги во Прилеп

Денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на Македонски пошти во Прилеп, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа значајна јавна институција.

Новите возила ќе придонесат за побрза и поефикасна достава на пратките, подобра организација на работните процеси и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите.

Во присуство на генералниот директор на Македонски пошти и директорката на подружницата во Прилеп беше истакнато значењето на континуираните инвестиции и модернизацијата на поштенските услуги како важен сегмент во унапредувањето на јавниот сервис.

На државно ниво се обезбедени вкупно 100 нови транспортни возила, со цел подобрување на поштенските услуги и создавање поефикасен и помодерен систем на работа.

Македонски пошти претставуваат институција од особено значење за граѓаните, стопанството и целокупното функционирање на општеството, обезбедувајќи достапни и навремени услуги во сите делови на државата. Инвестициите во модернизацијата на поштенската инфраструктура и возниот парк се дел од заложбите за подобрување на квалитетот, ефикасноста и сигурноста на поштенските услуги.

Слични Објави