Најдобрите македонски билјардисти ја затворија полусезоната во Прилеп

Во просториите на Табана Клуб Прилеп, на 7 јуни се одржа четвртиот Мастерс турнир од А Дивизијата во организација на Билјард Федерација на Македонија, со што беше заокружен првиот дел од натпреварувачката сезона.

На турнирот настапија 16-те најдоброрангирани играчи во државата, кои во текот на целиот ден приредија возбудливи и квалитетни натпревари, исполнети со неизвесност и атрактивни потези.

Најуспешен на турнирот беше Андреј Ѓурчиновски од Гран Клуб Скопје, кој го освои првото место. Второто место му припадна на Мирсад Зеќири од Голден Бол Тетово, додека третото место го поделија Мики Тодоров од Пауер Бол Струмица и Илија Димовски од Лонгони Битола.

Со четвртиот Мастерс турнир официјално заврши полусезоната во А Дивизијата. По серијата возбудливи натпревари и освоени бодови во изминатиот период, билјардистите заминуваат на летна пауза, а натпреварувањата продолжуваат во септември кога ќе следува нова борба за врвот на табелата и шампионските позиции.

Од БФСМ упатија благодарност до сите играчи, клубови, судии и љубители на билјардот за поддршката и придонесот во текот на досегашниот дел од сезоната.

Слични Објави