Заврши турнирот во табла „Прилеп Ебагo 2026“

Во одлична атмосфера и со голем број учесници, успешно заврши турнирот во табла „Прилеп Ебагo 2026“, во организација на Ебаго Таблаџии и MyPlace Prilep, а со поддршка на Општина Прилеп.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници кои беа дел од турнирот и придонесоа за неговата успешна реализација, истакнувајќи дека ваквите настани ја поттикнуваат дружбата, спортскиот дух и популаризацијата на таблата во Прилеп.

По неизвесни и интересни партии, најдобрите тројца учесници на турнирот беа:

🥇 Прво место – Кире Тутески
🥈 Второ место – Горан Базеркоски
🥉 Трето место – Здравко Михов

Организаторите најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со организирање на вакви настани, со цел таблата да остане еден од омилените начини за дружење и натпреварување меѓу прилепчани.

Слични Објави