„Ебаго таблаџии“ со Јунска сесија во 2026
Во организација на Здружението на граѓани за табла „Ебаго Таблаџии“ од Прилеп и кафетерија MyPlace Prilep, а со поддршка од Општина Прилеп и повеќе компании од приватниот сектор, на 6 и 7 јуни 2026 година ќе се одржи најголемиот и веќе традиционален турнир во табла во Прилеп.
Турнирот ќе започне во сабота, 6 јуни, со почеток од 10 часот, а ќе трае два дена. Организаторите најавуваат вредни награди за четвртфиналистите, како и парични награди за освојувачите на првите три места.
Пријавувањето за учество ќе трае од 25 мај до 4 јуни 2026 година. Сите заинтересирани ќе можат да се пријават секој ден во кафетеријата MyPlace Prilep, лоцирана во Бизнис Центарот во Прилеп, во периодот од 09 до 24 часот. За пријавување потребни се име и презиме, како и контакт телефон. Котизацијата за учество изнесува 400 денари и се уплаќа при самата регистрација.
Организаторите информираат дека сите натпреварувачи на 5 јуни ќе бидат известени преку СМС порака или телефонски повик за точниот термин на нивните натпревари.
Според правилата на турнирот, натпреварите ќе се играат до пет освоени поени, додека полуфиналните и финалниот меч ќе се играат до седум поени. Натпреварувачите ќе бидат поделени во групи, а системот на натпреварување ќе зависи од бројот на пријавени учесници.
Организаторите потенцираат дека фер-плејот ќе биде задолжителен, а секој обид за договарање резултати ќе биде санкциониран со дисквалификација.
За сите дополнителни спорни ситуации, конечната одлука ќе ја носи организаторот на турнирот.
Лице за контакт: Васко Ац Милан Смилески – 078-328-233



