Гран При за Сергеј Попоски од Прилеп – WAF AWARDS 2026

Изминатиот викенд се одржа гала концертот на WAF AWARDS, на кој беа прогласени победниците во сите категории. Натпреварот се реализираше со учество на над 40 изведувачи од повеќе држави, распоредени во категории според возраст, при што секој натпреварувач беше рангиран врз основа на својата изведба.



Покрај наградите по категории, беше доделено и највисокото признание на фестивалот – Гранд При. Оваа награда годинава му припадна на прилепчанецот Сергеј Попоски, кој се издвои како најуспешен учесник на WAF AWARDS.

Слични Објави