СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС ОД ПРИЛЕП ЗА СКОПЈЕ КАЈ НАПЛАТНАТА РАМПА ОТОВИЦА -патниците евакуиран

Попладневно се запалил автобус после наплатната рампа Отовица на автопатот Велес-Скопје. Автобусот сообраќал на релацијата Прилеп-Скопје и ја напуштил автобуската станица во Велес околу 16 часот. Патниците избегале од автобусот, кој потоа за кратко време пламнал. Според информациите од МВР, сите патници навреме го напуштиле автобусот што се запалил на автопатот Велес–Скопје, во близина на наплатната станица Отовица, и нема повредени лица.

На местото интервенирале: екипи на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници од ПС за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Автобусот, со прилепски регистарски таблички, според првичните информации се запалил додека бил во движење. Причините за пожарот засега не се утврдени.

Од АМСМ информираат дека од 17:25 часот сообраќајот на автопатот А1 Велес–Скопје, кај патарината Отовица, се одвива по една сообраќајна лента поради интервенцијата за гаснење на автобусот.

Слични Објави