При крај е косењето на тревата во Градската река, а започнува и второто косење на Новите градски гробишта
Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека се при крај активностите за косење на тревата во коритото на Градската река, со што значително се уредува овој јавен простор и се подобрува неговиот изглед и функционалност.
Паралелно со овие активности, од денеска со дополнителна екипа косачи започна и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат дека се работи со засилена динамика за да се опфатат сите локации кои се во нивна надлежност.
И покрај врнежливото време во изминатиот период и изгубените работни часови, како и брзата вегетација која дополнително ја отежнува работата, од „Комуналец“ уверуваат дека активностите се одвиваат континуирано и во полн капацитет.


