Во Долненско започна садењето тутун – на нива со земјоделците и заменик-министерот и градоначалникот

Во долненското село Црнилиште и официјално започна новата сезона на садење тутун – култура која и понатаму претставува главен извор на егзистенција за многу семејства од овој регион. На самиот почеток од сезоната, меѓу земјоделците беа заменик-министерот за земјоделство Albrim Hoxha и градоначалникот на Општина Долнени Blerim Islami, кои го посетија семејството Селмани во Црнилиште.

Домаќинот Esmir Selmani им приреди скромно гостопримство, а присутните истакнаа дека ретко се случува функционери директно да бидат на нива и да разговараат со земјоделците за нивните секојдневни предизвици.

„Првпат заменик-министер и градоначалник да седнат толку блиску до земјоделците и да бидат дел од нашето секојдневие. Благодарни сме што нè посетивте“, порачаа домаќините од Црнилиште.

Заменик-министерот Хоџа посочи дека новата сезона носи позитивни сигнали за тутунопроизводителите.

„Оваа сезона доаѓа со позитивни сигнали и сè поголем интерес за одгледувањето тутун. Поддршката за земјоделците продолжува“, изјави Хоџа.

Градоначалникот Ислами нагласи дека и покрај функцијата што ја извршува, останува директно поврзан со земјоделството.

„Иако сум градоначалник, продолжувам директно да се занимавам со земјоделство и да одгледувам тутун. Доаѓам од земјоделско семејство и оваа традиција останува неразделен дел од мојот живот“, истакна Ислами.

Тој додаде дека локалната самоуправа и институциите ќе продолжат да бидат блиску до земјоделците и во текот на целата сезона.

„Ќе продолжиме заедно да работиме за развој на земјоделството во нашата општина и да бидеме поддршка за секој земјоделец“, порача градоначалникот на Долнени.

Слични Објави