Петар Маѓар по изборната победа: Унгарија нема да биде прибежиште за криминалци – важи и за Груевски
Петар Маѓар на својата прва прес-конференција по вчерашната изборна победа порача дека Унгарија нема да биде прибежиште за меѓународни криминалци, додавајќи дека тоа се однесува и на Никола Груевски.
„Доколку од Унгарија побегнат криминалци, држатата ќе бара од други држави да бида екстрадирани“, истакна Маџар..
„Доколку од Унгарија побегнат криминалци, државата ќе ја изгуби довербата на меѓународните партнери. Затоа, тие ќе треба да бидат вратени таму каде што се барани“, порача Маџар.
Ова, според него, значи и можно преиспитување на статусот на Никола Груевски, кој во 2018 година избега во Унгарија и доби политички азил.
Изјавите на Маџар се толкуваат како најава за поостар пристап кон случаите на политички азил и потенцијално отворање на прашањето за екстрадиција на лица кои се осудени или обвинети за криминал.



