Горивата ЌЕ поевтинат – Дизелот -2,5 денари, бензините -1,5 денари

Се очекува поевтинување на горивата во земјава по одлуката што треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на следната седница.

Според најавите, цената на дизелот би се намалила за 2,5 денари по литар, додека бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 би поевтиле за 1,5 денари.

Максималната цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 82 денари за литар, Еуросупер 98 – 84 денари, а дизелот – 95,5 денари за литар. Овие цени се без вклучени попусти од ОКТА, кои изнесуваат 2 денара за бензините и 3 денари за дизелот.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекувањата се базираат на анализи на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи во изминатата недела.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи со мерките за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, како и со усогласувањето на акцизите, врз основа на кои постапува РКЕ.

„Остануваме држава која навремено и сигурно ги обезбедува сите количини на нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите“, изјави Мицкоски.

Слични Објави