Во Лозана доделен златниот медал – Лука Најдоски, е прогласен за победник на Светскиот куп во воздухопловно спортско моделарство

Младиот Лука Најдоски, го освои златниот медал и беше прогласен за победник на Светскиот куп во воздухопловно спортско моделарство. Признанието му беше доделено на 28 март 2026 година, на годишното пленарно заседание на Комисијата за аеромоделарство (ЦИАМ), во рамки на Светската федерација на воздухопловни спортови (ФАИ), одржано во Лозана.

Честитки за Лука Најдоски! Младиот прилепчанец, член на Воздухопловниот клуб „Фил Феникс“, постигна извонреден успех освојувајќи го првото место во ФАИ Светскиот куп во јуниорска конкуренција – генерален пласман за 2025 година.

Овој врвен успех претставува особена гордост за Прилеп и за целата држава. Лука Најдоски, како млад спортист, со својата посветеност и талент успеа да се искачи на врвот на светската конкуренција и да го промовира македонското аеромоделарство на највисоко ниво.

Неговиот успех е доказ дека и од помалите средини можат да произлезат врвни спортисти кои освојуваат светски признанија. Заедно со другите млади надежи, Лука најавува светла иднина за македонските воздухопловни спортови.

Слични Објави