Врнежи од снег и во Крушево – СОСТОЈБА НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, додека во Крушево врнежите се од дожд и снег, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има во Крушево.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


