|

Црвен Крст и Општина Прилеп ги освежуваа минувачите

Денес, Општина Прилеп во соработка со Црвен крст Прилеп, спроведе акција за делење вода за пиење на граѓаните и случајните минувачи во центарот на градот.

Оваа активност е дел од нашите заложби за заштита на здравјето на граѓаните во услови на енормно високи температури.

Поради екстремните горештини, како Локална самоуправа апелираме до сите граѓани да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките на Владата и стручните служби.

Препорачуваме:

– Да се избегнува престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00ч

– Да се внесуваат доволно течности

– Да се носи лесна и светла облека

– Постарите лица, малите деца и хронично болните да бидат под посебно внимание

Здравјето е на прво место!

Грижата за заедницата не е само обврска – таа е наша заедничка одговорност.

Слични Објави