|

Хуманитарна акција во Прилеп за 8 Март: „Секоја жена е херој во нечиј живот“

Сабота, од 11 до 13 часот, на платото пред Градскиот саат во Прилеп, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, децата координатори при Детска амбасада за сите деца во светот ќе реализираат хуманитарна акција со продажба на цвеќиња под мотото „Секоја жена е херој во нечиј живот“.

Како и во изминатите години, продажбата ќе има хуманитарен карактер, а средствата собрани од акцијата ќе бидат донирани на самохрана мајка од Прилеп.

Посебност на оваа иницијатива е што цената на цвеќињата нема да биде однапред утврдена. Секој купувач сам ќе ја одредува сумата што сака да ја донира, со што директно ќе придонесе во хуманитарната мисија.

Организаторите очекуваат голем број граѓани да се приклучат и со својата донација да ја поддржат акцијата, зголемувајќи ја можноста да се соберат што повеќе средства за помош.

Слични Објави