(видео)Мултимедијалниот клуб „К“ – Скеч „МНМН“
Мултимедијалниот клуб „К“ при ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, под раководство на наставничката Јулијана Талеска, реализираше креативен проект – скеч инспириран од „Мапетите“, сместен во психијатриска канцеларија.
Во соработка со наставникот по ликовно образование Влатко Николоски беше организирана работилница за изработка на мапети, при што учениците активно учествуваа и во креативниот и во сценскиот процес. Сценариото е авторско, а значаен придонес во реализацијата даде актерот Александар Тодески, кој волонтерски присуствуваше на речиси сите проби кој помагаше на децата во актерската игра.
Во рамките на патрониот настап беше вклучен и училишниот хор, под менторство на колешката Маја Џопа, што му даде дополнителна динамика и сценска целина на целиот проект.
Скечот учествуваше на конкурсот за скечови организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“, каде што освои прво место. Како победници на конкурсот, учениците настапија и на патрониот празник на средното училиште.
На една од пробите, тимот одлучил да сними и видео-верзија од скечот, со што проектот доби уште една димензија. Во монтажата помогна порталот otv.mk за оаа креација на ММК добие финална верзија.
Проектот претставува одличен пример за тимска работа, креативност и успешна соработка меѓу образовните институции во Прилеп.
Погледнете ја видео-верзијата од наградениот скеч во продолжение. Актери: Стефан , Ана, Алексеј, Јована, Анастасија, Стефан и Мила


