ФРАПАНТНА СУМА – Македонците лани уплатиле 2,8 милијарди евра во казина и обложувалници

Гграѓаните лани уплатиле фрапантни 2,8 милијарди евра во казина, обложувалници и автомат-клубови. Оваа сума укажува на значителното влијание на коцкарската индустрија врз финансиските текови во земјата, но истовремено отвора прашања за општествената цена што се плаќа.,Според анализата на емисијата „Бизнис објектив“.

Дел од експертите предупредуваат дека обложувањето и коцкањето, како форма на трошење, имаат директно влијание врз личните буџети на граѓаните, зголемувањето на задолженоста и растот на сиромаштијата. Во последните години, казината и обложувалниците постојано се шират, стануваат сè подостапни, се појавуваат во онлајн-форма и се рекламираат агресивно.

Паралелно со тоа, растат и проблемите поврзани со зависноста од коцкање – како и финансиските последици врз семејните буџети што таа ги предизвикува.

Иако индустријата генерира приходи за државата преку даноци и лиценци, економистите посочуваат дека значителен дел од парите се пренасочуваат од продуктивна потрошувачка кон сектор кој не создава нова вредност во реалната економија.

Со износот од 2,8 милијарди евра, коцкарската индустрија се позиционира како еден од најмоќните финансиски сектори во земјата – но и како еден од најконтроверзните

Слични Објави