Новогодишен концерт на Матрикс

Музичкото училиште „Матрикс“ со големо задоволство го најавува новогодишниот концерт, кој ќе се одржи на 29 декември 2025 година во Кино „Мис Стон“ во Прилеп.



Во рамки на настанот ќе бидат реализирани два концерта, на кои ќе настапат ученици од различни возрасни категории.
Првиот концерт ќе биде во форма на јавен час, каде најмладите ученици ќе се претстават со по едно музичко дело.
Во продолжение ќе следи вториот концерт, на кој ќе настапат ученици и изведувачи добитници на интернационални награди, кои со своите изведби ќе го заокружат музичкиот настан.

Новогодишниот концерт претставува можност публиката да се увери во квалитетот на музичката едукација и талентот на младите музичари, како и во континуираниот развој на музичката сцена во градот.

Настанот е отворен за јавноста, а љубителите на музиката ќе имаат можност да уживаат во богата и разновидна програма.

Слични Објави