Со 3,2 милиони денари подобрени условите за настава во „Добре Јованоски“ и „Лазо Филипоски Лавски“

Во ООУ „Добре Јованоски“ е завршена целосната реконструкција на објектот кој се наоѓа во задниот двор на училиштето. Станува збор за дотраен простор кој со години не беше во функција, а сега е адаптиран во современ и употреблив училиштен објект.

Во текот на реконструкцијата извршени се градежни и занаетчиски зафати, поставена е нова дограма и фасада, а просторот е пренаменет во работни простории за хаусмајсторот, магацин за учебници и кабинет по ликовно образование, опремен со смарт табла. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 2.500.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Прилеп.

Реконструкција е извршена и во помошното училиште „Лазо Филипоски Лавски“, каде една од просториите е адаптирана во мала фискултурна сала со татами подлога. Со ова, на учениците по повеќе од три децении им се овозможува соодветен простор за изведување на часови по физичко воспитание. Овој зафат е реализиран со инвестиција од 744.000 денари.

Вкупната инвестиција за двете училишни реконструкции изнесува 3.244.000 денари, средства од од Буџетот на Општина Прилеп.

Слични Објави